Милан го потврдија именувањето на Џорџо Фурлани како нов генерален директор на клубот, позиција на која ќе го замени Иван Газидис, кој во декември го напушта тимот поради лични причини.
„Фурлани цел живот е миланиста и е член на бордот на директори на клубот од 2018 година и одигра важна улога во успехот на тимот под ‘Елиот’, каде што работеше досега“, се вели во објавата на клубот.
43-годишниот Фурлани 12 години работел како менаџер за поранешните газди „Елиот менаџмент“, приклучувајќи се на компанијата во Лондон во 2010 година. Тој помогнал да се финализира купувањето на Милан од страна на кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, како и подоцнежното преземање на клубот од „Елиот“.
Milan, è ufficiale: #Furlani nuovo a.d. del club rossonero https://t.co/ZaZyXT6lCR
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) November 11, 2022