Top Sport

Надал и Циципас по првото место на Алкараз на АТП финалето

Рафаел Надал и Стефанос Циципас можат да го замент Карлос Алкараз на првото место на АТП листата на крајот на 2022 година, откако шпанскиот тинејџер мораше да се повлече од АТП финалето во Торино поради повреда.

19-годишниот Алкараз стана светски број 1 на 12 септември по неговиот триумф на САД опен, крунисувајќи ја неверојатната сезона во која освои пет АТП титули, но ги повреди стомачните мускули и нема да игра во Торино.

Неговиот поискусен и далеку попознат сонародник, Надал, кој веќе има 209 недели на првото место на АТП листата, заостанува 1000 поеени зад Алкараз, и иако неодамна изјави дека „нема да брка“ повторно да биде број 1, постојат две сценарија со кои може да ја заврши годината како број 1. Наједноставно, секако, е 36-годишниот ветеран првпат во кариерата да победи на турнирот во својот 11. настап, но и ако загуби во финалето со 4-1 скор, може да биде број 1, но само ако Стефанос Циципас не победи со 5-0 скор на турнирот.

Циципас, чиј најдобар пласман на АТП листата е третото место, може да стане број 1 како 29. тенисер во историјата ако го повтори успехот од 2019 кога триумфираше на турнирот, но без загубен меч.

Надал и Циципас се во различни групи на турнирот кој стартува во недела – Надал ќе се сури со Каспер Руд, Феликс Оже-Алијасим и Тејлор Фриц, додека Циципас е во потешката група со петкратниот шампион Новак Ѓоковиќ, Андреј Рубљов и Данил Медведев.

Scroll to Top