Килијан Мбапе планира да ја освои Лигата на шампиони против Пари Сен-Жермен пред да замине во „голем клуб“, вели поранешниот фудбалер на клубот и амбасадор на ПСЖ, Јури Џоркаеф.
Околу 21-годишниот напаѓач веќе две сезони има голем број на шпекулации за тоа дали ќе остане на „Паркот на принцовите“, или нема да може да ја одбие понудата од Зинедин Зидан да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Неговиот договор завршува на крајот на следната сезона, и иако ги има освоено сите титули од Франција, недостасува трофејот од ЛШ, до кој ПСЖ беа многу блиску – загубија со 1:0 од Баерн Минхен во финалето.
„Мислам дека за Мбапе секогаш ќе има шанси. Тој има проект, влегува во својата четврта сезона во Париз и уште е многу млад. Не можам да замислам да остане во ПСЖ 10 години, тоа е сигурно. Иднината му носи титули на сите континенти и мислам дека идеалното сценарио е да освои трофеј од ЛШ и потоа да потпише за друг клуб. Така сите ќе бидат среќни“, додава Мбапе.