Top Sport

Џејми Варди е „лек“ за Арсенал!

Лестер успеа да стигне до импресивна 1:0 победа на гостувањето кај Арсенал, откако Џејми Варди ја продолжи својата фантастична форма против „топчиите“ постигнувајќи го единствениот гол на мечот. Варди има постигнато дури 11 гола против Арсенал во 12 меча.

Во првото полувреме, домаќините имаа повеќе шанси, но Ектор Белјерин, Букајо Сака и Александер Лаказет промашија чисти шанси, по што во второто полувреме, Брендан Роџерс го внесе во игра Варди во 60-тата минута, и тоа се исплатеше, откако во 80. минута по фантастично брза акција, Варди успеа да го совлада Лено за победа.

Ова е прекинување на лошата низа од два порази едноподруго за „лисиците“, кои сега се на четвртото место со 12 поени, еден помалку од лидерите Евертон и Ливерпул, додека Арсенал сега има два порази во низа и се наоѓа на десеттото место со 9 поени.

Scroll to Top