Top Sport

Џовани Рејна ќе игра против човекот по кој го доби името

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна го познава тренерот на Глазгов Ренџерс, Џовани ван Бронкхорст цел живот и по него го доби името, а во четврток ќе биде на спротивните страни во мечот од Лига Европа.

Ренџерс гостуваат на „Вестфален“ во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа во прв судир на двата клуба од 1999/2000 во УЕФА купот. Ван Бронкхорст беше фудбалер во тој тим покрај Клаудио Рејна, кој го именуваше својот син по својот близок пријател со кого беа соиграчи на „Ајброкс“.

Тренерот на Дортмунд, Марко Розе вели дека Рејна го знае Ван Бронкхорст од времето кога „мочал во гаќи“.

„Средбата ќе биде убава, и навистина е кул кога нешто такво ќе се случи во фудбалот. Претпоставувам дека Џио ќе се обиде да му покаже на човекот по кој е именуван што научил овие години. Најверојатно се знаат од времето додека тој уште мочаше во гаќи. Но, и двајцата ќе сакаат да победат“, вели Розе.

Ван Бронкхорст вели дека е во постојан контакт со американскиот репрезентативец Рејна и неговото семејство.

„Јас играв со неговиот татко Клаудио и уште сум добар пријател со цело семејство по сите овие години. Тој дојде да тренира во Холандија со нашата младинска екипа во Феенорд, така што беше во нашата куќа и му помогнавме да стане вистински фудбалер. Се гледаме барем едаш годишно бидејќи имам посебна врска со семејството Рејна“, вели Ван Бронкхорст.

Scroll to Top