Top Sport

Џовани Симеоне ќе го замени Суарез во Атлетико Мадрид

Шпанските медиуми, вечерва најавија сензационален трансфер. Атлетико Мадрид, поточно тренерот Диего Симеоне, имал намера да го донесе својот син Џовани на местото на Луис Суарез.

Џовани „Чолито“ Симеоне, како позајмен фудбалер од Каљари блеска сезонава во Серија А. На 15 натпревари има постигнато 12 голови.

Според медиумите, тренерот Симеоне му се налутил на Суарез, кој го пцуеше во Севилја кога беше заменет.

Џовани Симеоне кариерата ја започна во Ривер Плата. Европската кариера ја започна во Џенова, потоа играше за Фиорентина и Каљари.

Тој е фудбалер на Каљари и се претпоставува дека клубот би прифатил цена од околу 15.000.000 евра.

Суарез, кој со 21 гол минатата сезона го предводеше Атлетико до шампионската титула, добил понуда од Коринтијанс, кариерата да ја продолжи во Бразил.

Scroll to Top