Top Sport

Џовинко се врати во Серија А

Себастијан Џовинко се врти во Серија А. Поранешниот италијански репрезентативец постигна договор со Сампдорија.

Џовинко, на 28-годишна возраст реши да го напушти Јувентус и да се пресели во Торонто. Во МЛС лигата играше четири сезони. За Торонто постигна 68 голови. Од Канада се пресели во Саудиска Арабија, во Ал Хилал.

По седум години реши да се врати во татковината. Откако ја раскина соработката со Ал Хилал, тој потпиша договор со крајот на сезоната со Сампдорија.

Клубот од „Луиџи Ферарис“ реши да го ангажира Џовинко, по повредата на Маноло Габијадини.

Во кариерата за Јувентус, Емполи и Парма, Џовинко има одиграно 190 натпревари и постигнато 40 голови во Серија А.

Scroll to Top