Реал Солт Лејк потврдија дека потпишале договор со поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џузепе Роси, со што Италијанецот се враќа во земјата каде што е роден.
33-годишниот ветеран првпат ќе игра во МЛС лигата, откако по почетокот со Манчестер јунајтед во 2004 година, играше во Англија, Шпанија и Италија. Тој последен пат беше под договор со Џенова во 2018 година, каде што падна на позитивен допинг-тест и доби едногодишна суспензија, која потоа беше преименувана само во предупредување. Тој тренираше со поранешниот клуб Јунајтед.
„Одлично е да се биде дел од Реал Солт Лејк, едвај чекам да се појавам на теренот. МЛС растеше секоја година и сега стана возбудлива лига“, изјави Роси.
No way❗️❗️❗️??? pic.twitter.com/vbboZfhZ1v
— Real Salt Lake (@realsaltlake) February 27, 2020