Голманот на Еибар, Марко Дмитровиќ, со постигнатиот гол од пенал, влезе во историјата на шпанскиот фудбал. Тој е првиот голман што постигнал гол од пенал по пауза од 19 години.
„Марко мораше да шутира, бидејќи останатите потфрлија. Моравме да смениме нешто“, рекол тренерот Хосе Луис Мендилибар, алудирајќи на фактот дека играчите на Еибар (Еспизито и Серхи Енрич) не ги искористија последните два пенали во првенството.
„Дмитровиќ ќе шутира додека не промаши. Такви се фудбалските закони. На тренинзите шутира одлично, бевме сигурни дека ќе постигне гол“, дополнил Мендилибар, иако на теренот не можеше да го гледа изведувањето на пеналот.
Инаку, Марко Дмитровиќ, изма договор со Еибар до крајот на сезоната. Шпанските медуми тврдат дека тој веќе има договор со Севилја.