Европскиот суд на правдата, до крајот на годината ќе донесе одлука дали УЕФА има монопол над Лигата на шампионите, пишува „АС“. Според овој извор, Судот одлуката ќе ја објави непосредно пред почетокот на Светското првенство во Катар (21.ноември-21.декември).
Судската постапка, Стопанскиот суд број 17 во Шпанија ја покренаа основачите на европската Суперлига (Реа, Барселона и Јувентус). Овој суд се обрати до највисокото судско тело во Европската унија.
Европскиот суд на правдата ќе донесе пресуда или обврзувачка наредба за сите земји членки на Европската унија, а не како што се претпоставуваше дека ќе даде само препорака.
Европскиот суд е составен од по еден судија од сите 27.земји-членки и уште 11 генерални адвокати.
Доколку судот пресуди дека УЕФА има монопол, тогаш таа одлука ќе донесе тектонски пореметувања во светскиот фудбал.