Тренерската смена во Џенова предизвика многу коментари во Италија. Сега веќе екс тренерот на Горан Пандев, Давиде Балардини, добро ја започна сезоната, но по поразот од Парма, претседателот Енрике Прециози, реши да му врачи отказ и на клупата го врати Иван Јуриќ.
Балардини, минатата сезона успеа да го задржи тимот во Серија А, а новата сезона ја започна со четири победи и три порази.
„Што требаше да направан, тој е добар човек, го има најдобриот стрелец во лигата, Пјатек, 25 фудбалери и четворица напаѓачи и успеа да изгуби од Парма на домашен терен, иако ние сме многу подобар тим“, рекол Прециози и дополнил.
„Сите вие што ме критикувате и велите дека избрзав со одлуката треба да го погледнете неговото ЦВ. Тој е добар за краткорочна работа, па за 14 години 13 пати добил отказ. Зошто јас би бил посебен, единствено не добил отказ во Самбенетеденезе во третата лига“.
Интересно, Балардини по работата во Самбенетеденезе, каде се задржал од почетокот д крајот на сезоната, добивал откази во Пескара, Палермо, Лацио, два пати во Каљари, Палермо и Болоња и дури три пати во Џенова.
Најголем успех во кариерата му е освојувањето на Суперкупот на Италија со екипата на Лацио, но во февруари таа сезона добил отказ бидејќи римјаните се наоѓале во зоната на испаѓање.