Top Sport

„Добредојден е секој оној што го сака Икарди“

Директорот на Интер, Бепе Марота, отворено говорел за продажбата на Мауро Икарди и евентуалното доаѓање во клубот на Един Џеко, Ромелу Лукаку и Николо Барела. Покрај Икарди клубот ќе го напушти и Раџа Наинголан, Новиот тренер Антонио Конте не сакал во тимот да има играчи што можат да ја нарушат атмосферата во тимот.

Не е тајна дека Икарди, како и Раџа Наинголан, ќе го напушти клубот. Она што е ново за јавноста е дека Аргентинецот би можел да биде продаден на некој од конкурентите во Серија А. Претходно ставот на клубот беше дека Интер нема да засилува некој од тимовите што ќе му бидат конкуренти во новата сезона.

„Секој што сака да го купи Икарди е добредојден на масата за преговори. Сакаме да преговараме со секого и свесни сме колку вреди фудбалерот“, рекол Марота.

Продажбата на Икарди, но и на Наинголан е од витална важност за Интер, бидејќи со тие пари клубот ќе може да тргне по посакуваните засилувања Џеко, Лукаку, Барела.

„Лукаку и Џеко се многу интересни играчи за нас. Различни се како напаѓачи, би можеле одлично да се надополнуваат. Двајцата се наши мети и не го криеме тоа. Што се однесува до Барела, Калјари имаат право да ја бараат сумата што ја одредија (50 милиони евра). Сакаме да го донесеме бидејќи ги цени нашите вредности. Исто така мислиме дека како италијански тим треба да имаме јадро на домашни играчи“.

Летово во Интер покрај новиот тренер Конте пристигнаа Диего Годин, Еди Салседо, Валентин Лазаро, Стефано Сенси, Лисиен Агуме и Габриел Бразао.

Scroll to Top