Top Sport

Дурент потпиша со Бруклин и го смени бројот на дресот

Кевин Дурент, доскорешниот кошаркар на Голден стејт Вориорс, официјално стана член на Бруклин Нетс. КД потпишал четири годишен договор кој му гарантира заработка од 141 милиони долари.

„Кевин е шампион, еден од најголемите играчи на својата генерација, а можеби и на било која друга. Доаѓањето на еден ваков играч во нашата организација значи дека добиваме можност да се натпреваруваме со елитните тимови. Возбудени сме што КД стана член на нашата фамилија“, рекол генералниот менаџер на Нетс, Шон Маркс.

Довкратниот НБА шампион со Голден стејт во новиот тим му се приклучи на Кајри Ирвинг со што Бруклин Нетс ќе бидат меѓу најголемите фаворити за врвот во Источната конференција и воопшто во НБА лигата.

Интересно, КД, со доаѓањето во Бруклин решил да го смени и бројот, тој повеќе нема да го носи на грбот бројот 35, по кој беше препознатлив во Сиетел Суперсоникс, Оклахома сити Тандер и Голден стејт Вориорс.

Во Бруклин Дурент ќе ја носи седумката.

Дурент во Бруклин дојде во замена за Дианџело Расел, Шабаз Нејпјер, Тревор Грејем и заштитен пик во првата рунда на драфтот што ќе се одржи наредната година.

Расел, покрај Дурент е најголемата ѕвезда на овој трејд. Тој минатата сезона играше и на „Ол-стар“ натпреварот, а од Вориорс ќе добие 117 милиони долари за четири години.

Scroll to Top