Top Sport

Добри вести за Барселона – Меси се врати на тренинзи

Навивачите на Барселона добија одлична вест, откако повеќе извори потврдија дека Лионел Меси се вратил на целосните тренинзи со клубот пред првиот меч од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд во вторник.

Меси во саботата се вратил на тренинзите, откако во петокот учествувал во мини-натпревар со соиграчите, откако не бил присутен во првите 15 минути од тренингот кој бил отворен за јавноста.

32-годишниот Аргентинец ја повреди потколеницата на првиот тренинг со клубот во пред-сезоната на 5 август, по што не настапи на турнејата низ САД, а иако се очекуваше пауза од три недели, тој уште нема заиграно во четири кола од Ла лига. Тренерот Ернесто Валверде најави дека нема да избрза и да го врати Меси за Дортмунд, но тој најверојатно ќе биде во составот во сабота против Гранада.

Scroll to Top