Top Sport

Добри вести за Челси стигнуваат од Реал Мадрид

Младиот талент на Баер Леверкузен, Каи Хаверц е се поблиску до Челси, ги прифати условите на „сините“ и сега треба само бундеслигашот да го убеди да се договори со премиерлигашот.

Цената најверојатно ќе биде 90 милиони евра, рекордна на „Стемфорд Бриџ“, а германскиот репрезентативец би требало да е третото засилување за клубот во овој преоден рок, по Зијеш и Вернер.

Позитивна вест за Челси е што „фармацевтите“ по се изгледа пронајдоа замена за Хаверц, и тоа во мадридски Реал.

Тие во Леверкузен сакаат да го донесат Бразилецот Рениер Жесус, и тоа на позајмица. Младиот фудбалер на „Бернабеу“ стигна во јануари за околу 30 милиони евра, но играше за Кастиља.

„Кралевите“ сега сакаат да го испратат на позајмица на тим кој е на повисоко ниво и каде ќе е стандарден. Него го следат уште неколку клубови во Ла Лига.

Баер Леверкузен е во добри односи со Реал.

Scroll to Top