Top Sport

Од Хонда порачуваат: Титулата ќе е помалку вредна без Маркез

„Титулата во Мото ГП шампионатот сезонава ќе е помалку вредна затоа што актуелниот шампион Марк Маркез нема да учествува на сите трки“ вели еден од челниците на Хонда, Алберто Пуиг.

Шпанскиот возач на првата годинешна трка во Херес доживеа тежок пад и ја скрши десната надлактица. Вчера беше опериран Барселона.

„Ако Марк не биде шампион, оној кој ќе ја освои титулата нема да е горд и среќен, барем не би требало, со оглед дека триумфирал во отсуство на најдобриот возач“ – изјави Пуиг за официјалниот канал на Мото ГП.

Во првиот викенд од август ќе се вози трката за Големата награда на Чешка, во Брно.

„Ситуацијата е комплицирана, но јас не можам да одредам датум затоа што не сум лекар. Докторите се задоволни како помина операцијата, ние може само да им веруваме“ смета Пуиг.

Scroll to Top