Кристијано Роналдо елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите од Лион и големите „потреси“ во неговиот клуб по отпуштањето на Маурицио Сари и ангажирањето на Андреа Пирло, ја „преживува“ на италијанското сонце на својата нова јахта со семејството.
35-годишниот Португалец се пофали со фотографија на сопствениот Инстаграм профил, додека неговата партнерка Георгина Родригез објави и дополнителни фотографии од деновите одмор за семејството.
Роналдо, ако се верува на шпекулациите, веќе го пратил својот агент Жорге Мендеш да ја испита можноста за преселба во Пари Сен-Жермен, иако се верува дека Пирло ќе се обиде да изгради нов тим токму околу него.