Top Sport

Додека траеше финалето, Роналдо се запозна со Торино

Додека очите на фудбалските фанови беа вперени кон големото финале на Светското првенство во Русија помеѓу Франција и Хрватска, Кристијано Роналдо пристигна во Торино и вечераше со директорите на Јувентус и неговиот агент Жорге Мендеш пред денешниот лекарски преглед.

За да ги избегне новинарите, португалската ѕвезда пристигна на аеродромот Каселе во Торино со приватен авион додека траеше финалето од СП, заедно со неговата мајка Марија Долореш, девојката Георгина Родригез и синот Кристијано Јуниор.

Потоа тие заминаа во паркот Ла Мандрија, каде што ја помина вечерта со својот агент Жорге Мендеш, генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота, спортскиот директор Фабио Паратичи и потпретседателот Павел Недвед.

Делот од паркот е затворен за јавноста и во него можат да престојуваат само за жителите, по што италијанските медиуми шпекулираат дека токму тука Роналдо решил да живее додека е во Торино.

Роналдо денеска наутро е на медицински тест, пред да биде претставен како фудбалер на Јувентус во 18.30 часот.

Scroll to Top