Top Sport

Бензема собра сили и честиташе за француската титула

Поминаа речиси три години откако Карим Бензема последен пат беше дел од француската репрезентација по конфликтот со селекторот Дидие Дешам, но сепак, напаѓачот на Реал Мадрид собра храброст и честиташе на своите поранешни соиграчи за најголемиот успех, светската титула.

Бензема е исклучен од Франција по скандалот со уценување на неговиот поранешен соиграч Матју Валбуена со секс-лента на крајот на 2015 година, и иако беше ослободен од сите обвиненија, тој останува надвор од селекцијата на Дешам.

„Браво момци. Светски шампиони“, напиша Бензема на Инстаграм.

Felicitation les gars!!! Well done. World champs ????

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema) on

Бензема уште еднаш „удри“ по селекторот Дешам

Scroll to Top