Додека големите европски клубови се во тесна трка за неговиот потпис, капитенот на Ајакс, Матијс де Лихт очигледно е далеку од таа реалност на одморот на Бахамите со својата девојка Анеки Моленар.
Трката за според многумина најдобриот млад дефанзивен фудбалер на денешницата се одвива во прв план помеѓу Јувентус и Барселона и засега италијанскиот клуб ја има предноста. Барселона наводно се откажале од надежта да потпишат со него, бидејќи не сакаат да ја исполнат неговата желба за годишна плата од 12 милиони евра, која ја добива неговиот досегашен соиграч, а сега веќе фудбалер на Барселона, Френки де Јонг.
Од друга страна, Јувентус, најмногу поради позитивните даночни закони во Италија, се подготвени да ја платат оваа сума, и сега треба само да се договорат со неговиот агент, Мино Рајола. Претходно во игра беа и Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен, така што ситуацијата може да донесе и пресврти.
И додека трае оваа трка, Де Лихт ужива во малку сонце и плажа.