Top Sport

Договор склучен во 23:59! Атлетико го продадоа Гризман за 120, а го вратија за 40 милиони

Во уште една продажба на финансиски „осакатената“ Барселона, како „шлаг“ на необичниот преоден рок, Каталонците го продадоа Антоан Гризман на клубот од кој го купија, Атлетико Мадрид за 40 милиони евра.

Гризман помина пет фантастични сезони во Атлетико, во кој беше прва ѕвезда на клубот, пред да биде продаден на Барселона во 2019 година и Барса се надеваше дека ќе го добие Жоао Феликс во замена, но тоа не се случи. 26-годишниот Гризман постигна 35 гола во двете сезони во Барселона, но не ги достигна височините како во „рохибланкос“.

Продажбата доаѓа откако Барселона се најде во незавидна финансиска ситуација, со 1.35 милијарди евра долг, и не успеа да го заддржи Лионел Меси во клубот, а капитените на клубот ги скратија високите плати за да можат да се комплетираат договорените трансфери и да се регистрираат играчите.

Барселона претходно денеска ги продаде Илаиш Мориба на РБ Лајпциг за 15 милиони евра и Емерсон Ројал на Тотенхем, иако тој ова лето пристигна на „Ноу Камп“ од Реал Бетис.

Атлетико во Гризман гледа замена за Саул Нигуез, кого го пратија во Челси на позајмица за 5 милиони евра со опција за купување за 40 милиони евра.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top