Челси и Барр Леверкузен го договориле трансферот на Каи Хаверц. 20 годишникот ќе стане најскапиот играч во историјата на Челси објави „Скај Спорт Германија“.
Трансферот на Хаверц ќе изнесува 100 милиони евра. Според овој извор Челси ќе платат 80.000.000 во кеш, а останатите 20.000.000 евра во касата на Леверкузен ќе се слеат низ разни бонуси.
Хаверц најпрвин треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе го потпише договорот со Челси.
Трансферот ќе биде заклучен по репрезентативната пауза, кога Хаверц ќе заврши со обврските кои ги има во репрезентацијата на Германија.