Преодниот рок во Италија завршува денес во 18 часот, а последниот ден може да донесе сензационален трансфер. Италијаните тврдат дека Мила го договорил трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) од Лацио.
Новиот сопственик на клубот, инвестицискиот фонд „Елиот“, го одобрил трансферот, откако осуммина директори дале „зелено светло“, за играчот на Лацио да биде последното засилување за клубот.
Според медиумите во Италија, СМС, ќе му биде отстапен на Милан, а по завршувањето на сезоната „црвено-црните“ ќе можат да го откупат неговиот договор.
Инаку, за сезоната што СМС ќе ја мине во Милан, Лацио ќе добие 40 милиони евра.
Дека, Милан, планира да донесе уште еден играч до крајот на преодниот рок говори и информацијата дека клубот букирал лекарски прегледи за засега неименуван фудбалер.