Ерлинг Халанд се покажа како вистински избор на Манчестер сити. Во деби сезоната, тој е водечки стрелец во Премиер лигата со 28 гола на 26 натпревари, а со 10 во шест натпревари ги предводи напаѓачите во Лигата на шампионите. Халанд од почетокот на сезоната на 36 натпревари постигна 39 пати.
Халанд има договор со Манчестер сити до крајот на јуни 2027 година. Сепак многу се шпекулира за клаузулата за откуп која стои во неговиот договор.
Претходно, меѓу другото се пишуваше дека Халанд има отштетна клаузула во договорот со Сити која започнува во летото 2024 година и дека тогаш друг клуб може да го купи доколку на Сити му понуди 200 милиони евра. Шпански „Спорт“, наведува дека оваа клаузула во договорот на Халанд е променета. За оваа сума Халанд ќе им биде достапен на клубовите една година подоцна, односно во 2025.