Top Sport

Дојава за бомба го одложи мечот Вождовац – Партизан

Дојава за бомба го одложи фудбалскиот натпревар од Суперлигата на Србија меѓу Вождовац и Партизан. Мечот требаше да се одигра во 16. 30 часот, но поради дојава бомба во трговскиот центар „Стадион“, одложен е за четири часа и презакажан за во 20.30 часот.

Натпреварот имаше бурна „предигра“, бидејќи, прво, „црно-белите“ излегоа со остра изјава во која го критикуваа судењето на мечот Напредак – Црвена звезда, а потоа имаше дојава за бомба во трговскиот центар.

Партизан е под императив за победа бидејќи заостанува пет бода зад лидерот Црвена звезда и доколку не ја оствари, ќе му овозможи на големиот ривал да ја освои титулата.

Scroll to Top