Во случај германската фудбалска репрезентација да го освои Светското првенство во Катар, секој репрезентативен член ќе добие по 400.000 евра, соопшти денеска Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).
На преговорите во име на играчите присуствуваle капитенот Мануел Нојер, Томас Милер, Џошуа Кимих и Илкај Гундоган.
„Одрживме интензивна дискусија во добра и конструктивна атмосфера. На крајот најдовме прифатливо решение за сите“, изјави претседателот на ДФБ, Берн Нојендорф.
Според договорот, секој играч ќе добие по 50.000 евра за првото место во групата, 100.000 за пласман во четврт-финалето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето.
Освојувањето на третото место на секој играч ќе му донесе по 200.000 евра, а пласманот во финалето 250.000 евра.