Top Sport

„Докторот за пенали“ се врати во Примера

Фудбалскиот клуб Селта го ангажираше бразилскиот голман Диего Алвеш како замена за повредениот Августин Марчезин. Алвеш во Селта дојде како слободен играч, откако пред еден месец го раскина договор со Фламенго.

Алвеш е познат и како „доктор за пенали“, тој има најмногу одбранети пенали во историјата на шпанската лига.

Од сезоната 2007/2008. до натпреварувачката сезона 2016/17, Бразилецот одигра 270 натпревари како фудбалер на Алмерија и Валенсија. Во тој период против Алмерија и Валенсија биле досудени 47 пенали, Алвес одбранил 22.

Во исто време, Алвеш е единствениот голман во историјата на Примера кој одбранил шест пенали во иста сезона.

Во кариерата бил поуспешен од Диего Коста, Антоан Гризман, Карлос Бака и неговиот истоименик Вела, Иван Ракитиќ, Фернандо Љоренте и Фредерик Кануте. Лоши спомени неговото име им буди и на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Алвеш осум пати се соочил со овое двајца, одбранил четири удари од белата точка.

Роналдо само еднаш му дал гол од пенал на Алвеш, а шутирал четири пати, додека Меси против Бразилецот од четирите пенали, не реализирал еден.

Диего Алвеш со Селта потпиша договор до крајот на сезоната.

Scroll to Top