Top Sport

Доку е пред трансфер во Манчестер сити

Фудбалерот на Рен, Жереми Доку е блиску до трансфер во Манчестер сити, тврди новинарот Фабрицио Романо. 21. годишниот Доку е репрезентативец на Белгија, може да игра како десно и лево крило.

Според „Трансфермаркт“, Доку вреди 28 милиони евра, но Романо наведува дека Сити на Французите ќе им плати меѓу 55 и 60 милиони евра. Доку ги договорил личните услови со Англичаните.

Пеп Гвардиола, во Доку гледа замена за Ријад Марез. Алжирецот летово замина во Саудиска Арабија.

Доку во кариерата покрај за Рен настапуваше и за Андерлехт, а за репрезентацијата на Белгија има 14 настапи. За Рен постигна 12 гола и асистираше десет пати на 92 натпревари.

Scroll to Top