Данскиот фудбалер Каспер Долберг доживеал големо разочарување во својот нов клуб Ница. Данецот летово од Ајакс се пресели во Ница за сума од 20,5 милиони евра. Ова е рекордна сума која за некој играч ја платиле челниците на Ница.
По паузата во која се играа квалификациските натпревари за пласман на ЕУРО 2020, Долберг играл против Монпелје. По мечот играчите од тренерот Патрик Виера добиле слободен ден, а Долберг од тренерот побарал уште еден ден бидејќи имал стомачен вирус.
Кога по два дена влегол во соблекувалната доживеал шок. Во шкафчето Данецот не го нашол часовникот вреден 70.000 евра, пишива локалниот „Ница матен“.
Kasper Dolberg has had a €70,000 watch stolen from inside the OGC Nice dressing room, according to Nice-Matin.
— Get French Football News (@GFFN) September 19, 2019
Во соблекувалната пристап имаат само играчите што значи дека сторителот е некој од соиграчите на Долберг.
Разочаран од ситуацијата 21 годишниот напаѓач го известил тренерот дека нема да игра се додека не биде решен случајот.