Top Sport

Трипие воодушевен од атмосферата на „Ванда Метрополитано“

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Керан Трипие, бил воодушевен од атмосферата на „Ванда Метрополитано“ на натпреварот против Јувентус.

Атлетико и Јувентус во средата одиграа 2-2. Јувентус водеа 0-2, а Атлетико израмни со голот на Хектор Ерера во 90 минута, што предизвика ерупција од радост на стадионот.

Трипе кој летово за 25 милиони евра од Тотенхем се пресели во Атлетико рекол дека „во животот не играл во таков амбиент“.

„Не се откажавме кога беше 0-2. Одевме напред. Публиката беше фантастична како и секогаш, такво нешто претходно немам никогаш почувствувано“, рекол Трипие.

Англискиот репрезентативец рекол дека е задоволен како се вклопил во новиот клуб.

„Откако сум тука менталитетот на стручниот штаб, на соиграчите, на Симеоне е немерлив. На тренинзите не застануваме секогаш одиме ‘сто на сат’. Истото го правиме и на натпреварите“, заклучил Трипие.

Scroll to Top