Top Sport

Долга пауза за Диего Коста?

Откако се врати во Атлетико Диего Коста нема среќа со повредите. На почетокот на сезоната отсуствуваше поради повреда на бутниот мускул. Поради тоа има постигнато само два гола на 15 одиграни натпревари.

Бразилецот со шпански пасош повторно се соочил со сериозен проблем. Диего Коста имал проблеми со грбот, поточно имал дискус хернија и сопред шпекулациите можно е да отсуствува до крајот на сезоната.

Откако ќе му бидат извршени дополнителни прегледи лекарскиот тим на Атлетико реши да ли ќе мора да биде опериран.

Доколку се решат за оваа опција тоа значи дека сезоната за него ќе заврши. Во случај да решат да го лечат со терапии и мирување, тоа би значело дека ќе отсуствува најмалку четири месеци.

Scroll to Top