Фиорентина во неделата потврдија дека Франк Рибери доживеал повреда на лигаментите на десниот зглоб. Францускиот интернационалец се повреди на вчерашниот меч со Лече (0:1).
Фиорентина не објавија колкава пауза го очекува искусниот фудбалер.
„На снимците се гледа дека лигаментите на зглобот на десната нога се скинати. Наскоро повторно ќе направиме проценка на повредата“, соопштија од Фиорентина.
Фиорентина играат лошо во последно време. Од почетокот на сезоната имаат само четири победи и 16 поени. „Виолетовите“ се наоѓаат на 12 место во Серија А.