Top Sport

Лаутаро ги врати Интер на врвот во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Интер се вратија на челната позиција во Серија А. Интер го искористија киксот на Јувентус и со победата 2:1 над СПАЛ го презедеоа врвот.

Во текот на целиот натпревар Интер доминираше, а мечот го реши двојниот стрелец Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот головите ги постигна во 16 и 41 минута. СПАЛ почесниот гол го постигнаа преку Валоти во 50 минута.

Лацио лесно се справија со Удинезе, за едно полувреме го решија победникот. Лацио постигнаа три гола, најпрвин погоди Имобиле во деветтата минута, а до крајот на првиот дел по еден гол од пенал постигнаа Имобиле и Луис Алберто.

Милан забележаа победа во Парма. Единствениот гол со кој освоија три бода го постигна Тео Ернандез во 88 минута.

Scroll to Top