Top Sport

Долгот на Манчестер јунајтед е астрономски 430 милиони фунти!

Манчестер јунајтед потврди дека нивниот долг пораснал неверојатни 127.4 милиони фунти во последните три месеци и сега изнесува 429.1 милиони фунти, зголемување поради недостатокот на приходи од натпревари поради корона вирусот.

Покрај недостатокот на приходи, долгот пораснал и поради трансферот на Бруно Фернандеш во јануари, како и огромните плати на фудбалерите. Извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд признава дека има „предизвици“ поради корона вирусот – Јунајтед не одиграл меч од 12 март.

„Фокусот останува на здравјето и доброто на нашите колеги, фанови и партнери низ целиот свет и горди сме од нашата реакција во текот на кризата. Откако почна кризата, Манчестер јунајтед и нашата фондација помогнаа на болници, добротворни организации и школи во нашата заедница. И во нашата долга историја сме поминувале низ кризи и предизвици“, изјави Вудворд.

И покрај овој финансиск удар, клубот има резерва од кеш од 90 милиони фунти и уште 150 милиони фунти достапни пред летниот преоден рок.

Scroll to Top