Фудбалерите на Шкендија во дербито на 24 коло во домашното првенство го победија Работнички, а Вардар во скопското дерби славеше над Шкупи. На домашен терен победи во оваа рунда забележаа Академија Пандев и Македонија ЃП, додека Ренова го оствари единствениот гостински триумф.
Вардар, ја продолжи традицијата и успеа да ја победи екипата на Шкупи со 1:0. Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 20 минута кога гол од пенал постигна Мицевски.
Два пенали го решија победникот на натпреварот помеѓу Академија Пандев и Силекс. Сигурен реализатор во 27 и 55 минута беше Дориев.
Еден гол го реши дербито во Тетово помеѓу актуелниот првак Шкендија и Работнички. Голот за Шкендија го постигна Жуниор во 53 минута.
Македонија ЃП со головите на Тантуровски и Божиновски забележа победа над Беласица 2.1. Голот за екипата од Струмица го постигна Георгиев.
Ренова во Прилеп, успеа да победи 3.2. Два гола постигна Мустафов, а еден Стојановски од пенал. За последно пласираната Победа стрелец на головите беше Танушев.