Top Sport

Домино-ефектот продолжува – Вудворд си даде оставка, Јунајтед се повлекува?

Ед Вудворд, извршниот директор на Манчестер јунајтед, си поднел оставка, во први чин кој изгледа го најавува и заминувањето на „ѓаволите“ од Европската Суперлига, продолжувајќи го домино-ефектот, кој наводно веќе донесе откажување на Манчестер сити и Челси од елитниот проект и многу сомнежи за учеството на Барселона и Атлетико Мадрид.

Вудворд, според извештаите, беше еден од „идеолозите“ на Суперлигата, заедно со првите луѓе на Реал Мадрид, Флорентино Перез и на Јувентус, Андреа Ањели.

За навивачите на Јунајтед, пак, Вудворд беше омразен лик, посебно бидејќи зад себе немаше фудбалско педигре, туку по професија е банкар. Претходно, шпекулациите велеа дека капитенот Хери Мегваер и Лук Шо влегле во конфликт со него за влегувањето во Суперлигата, а Маркус Рашфорд денеска ја сподели фразата на Сер Мат Базби: „Фудбалот е ништо без фановите“.

Scroll to Top