Домот на францускиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, бил ограбен за време на реванш мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во вторникот, откри играчот на својот профил на Твитер.
„Синоќа го имавме најголемиот кошмар во нашето семејство – нашата куќа беше ограбена додека нашите деца спиеја во нивната соба. Крадците беа во куќата помалку од пет минути, но за тоа време ни одзедоа многу вредни нешта. Сепак, највредното е што имавме чувство на сигурност во домот. Нема полошо чувство на овој свет од тоа да не можеш да бидеш таму за да ги заштитиш своите деца. Искрено се надевам дека никој никогаш нема да го почувствува тоа што го чувствував јас. Затоа би сакал да му понудам награда на секој што има информации кои ќе ни помогнат во истрагата“, напиша Пол Погба на социјалните мрежи.
Манчестер Јунајтед беше елиминиран на првиот чекор од нокаут фазата во Лигата на шампионите.