Џанлуиџи Донарума им кажал на Милан дека би сакал да остане кај „росонерите“ и покрај тоа што тоа би значело помала плата со обновување на договорот.
Според „Ла газета дело спорт“, младиот италијански голман директно на газдите „Елиот менаџмент“ им кажал дека е достапен во процесот на изградба на нов тим на „росонерите“. Донарума се најде на листата на фудбалери кои може да заминат од Милан, а проценките велат дека вреди над 50 милиони евра – кои ќе одат директно во клубот бидејќи тој е продукт на академијата на клубот.
Пари Сен-Жермен беа заинтересирани за Донарума, но понудија кеш и Алфонс Ареола, нешто што не беше прифатливо за Милан. Сега, Донарума, кој заработува 6 милиони евра по сезона би останал на „Сан Сиро“, но со многу помала плата.