Top Sport

Фјури-Вајлдер, втор дел на 22 февруари!

Тајсон Фјури потврди дека ќе боксува со ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер во долгоочекуван реванш на 22 февруари. „Бронзениот бомбардер“ од САД и „Џипси кинг“ од Британија имаа трилер меч минатиот декември, кој контроверзно заврши со реми.

„Ри-мечот е договорен и потпишан. На 22 февруари. Овојпат не сум надвор од рингот три години, овојпат немам пиено алкохол и овојпат е време да излезам и да го нокаутирам“, изјави Фјури при посета на Шкотска.

Фјури имаше импресивен кам-бек во тешката категорија откако прво во 2015 го шокираше Владимир Кличко за да стане апсолутен шампион во тешка категорија. По ова следуваше депресијата, борбата со зависноста од алкохол и кокаин, пред тој да „симне“ 20-тина килограми и да се врати во рингот.

Scroll to Top