Голманот на Милан, Џиџи Донарума, дефинитивно ќе го напушти клубот. Голманот на италијанската репрезентација кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
Новинарот Фабрицио Романо, објави дека Донарума, по вториот меч на Италија против Швајцарија, во среда ќе треба да ги заврши сите формалности околу трансферот.
Донарума ќе потпише петгодишен договор.
22-годишниот голман од дебито за Милан бранел на 251 натпревар.