Top Sport

Донарума: Ибрахимовиќ е ѕвер, тој е феномен

Чуварот на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума (21) во интервју за „Sky Sports Italia“ вели дека сака да остане на „Сан Сиро“ и да освојува трофеи. Тој несомнено е еден од најталентираните голмани во светски рамки, а поради променливата форма на „росонерите“, постојано се шпекулира за негово можно заминување од Милано.

„Сакам да станам најдобар голман и да освојам што е можно повеќе трофеи со Милан. Сакам да го освојам и Светското првенство, тоа исто така ми е на листата на приоритети“ – вели тој.

Милан сезонава тргна ужасно, но почна да се „крева“ по доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ. По паузата поради коронавирусот, „црвено-црните“ се една од најдобрите екипи во првенството и имаат прилика да ја бркаат Рома која е петта со 2 бода повеќе, на позиција која води во ЛЕ.

„Среќен сум како работиме во последно време. Му благодарам на тренерот што секогаш зборува добро за мене, секогаш ќе дадам се од себе за негом сјаен тренер и личност. Што се однесува до Ибра, човекот е ѕвер, тој е феномен. Ни дава многу и го слушаме. Ни дава дополнителна сила, нешто што ни недостасуваше, дури и на тренинзите. Ни го зајакнува менталитетот“ – вели Донарума.

Scroll to Top