Top Sport

Донарума: Им се смејам на глупостите што ги објавуваат медиумите

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, ги негирал гласините дека не е задоволен од статусот што го има во клубот. Донаруна, од почетокот на сезоната бранел на само три натпревари. Синоќа беше на голот во победата над Манчестер сити (2:0).

„Го критикуваат мојот избор да дојдам во ПСЖ? Мене тоа мие смешно. Среќен сум во ПСЖ, секогаш им се смејам на глупостите кои ги пишуваат“, рекол Донарума.

„Неверојатно е што сум дел од еден ваков тим. Овде нема никави проблеми. Јас сум среќен, имам поддршка од соиграчите“, заклучил Донарума.

За потсетување, Донарума како МВП на ЕУРО 2020, во летниот преоден рок без обесштетување се пресели во Париз.

Scroll to Top