„Ова е навреда. Шест милиони евра годишно и доаѓањето на твојот брат, паразит, во нашиот клуб? Оди си, немаме повеќе трпение“, пишоваше на транспарентот со кој навивачите на Милан, на синоќешниот Куп натпревар против Верона, му испратија порака на Џанлуиџи Донарума дека овеќе не го сакаат во клубот.
Претходно, кога официјалниот спикер го прочите презимето на Донарума, навивачите го испратија со концерт на свирежи.
18-годишниот голман не успеа да се избори со противникот, целосно скршен тој се расплакал во соблекувалната.
Донарума минатото лето се закани дека ќе си оди, но потоа се премисли, реи да остане и потпиша нов договор. Доби годишна плата од шест милиони евра, а во клубот пристигна и неговиот брат.
Но кога неговиот менаџер, Мино Рајола, открил дека во договорот не се вметнати клаузулите според кои тој може да го напушти клубот (70 милиони евра ако Милан избори пласман во Лигата на шампионите и 40 милиони евра доколку клубот не се пласира меѓу елитата), контроверзниот менаџер најави тужба против Милан, со која ќе бара раскин на договорот.
Доколку Рајола го добие спорто против Милан, Донарума ќе стане слободен играч и без обесштетување ќе може да го напушти клубот.