Top Sport

Донарума се јави по „кошмарот“ со Реал: Але Париз!

Џанлуиџи Донарума по сите критики кои ги доби од француските медиуми за неговата грешка за првиот гол при 3:1 поразот од Реал Мадрид и елиминацијата од Лигата на шампионите, се јави преку социјалните мрежи.

Францускиот „Л’Екип“ го нарече италијанскиот голман „гробарот на ПСЖ“, а покрај тоа тука беа шпекулациите дека физички се пресметал со бразилската ѕвезда Нејмар, нешто што двајцата го демантираа.

„Елиминацијата од ЛШ беше тежок удар. Последните два дена не беа лесни, но токму од такви тешки моменти излегуваме посилни. Сега, мораме да мислиме на сегашноста, да ја освоилме Лига 1 и да го дадеме максимумот за овој дрес и за нашите фанови. Да почнеме повторно заедно. Але Париз“, напиша Донарума на Инстаграм.

Л’Екип: Донарума е „гробарот“ на ПСЖ!

Scroll to Top