Top Sport

Навивачите на Челси предупредени да не го извикуваат името на Абрамович

Министерот за технологија на Велика Британија, Крис Филп ги предупреди навивачите на Челси да престанат со песните во кои се извикува името на Роман Абрамович поради „варварските постапки“ на неговиот пријател, рускиот претседател Владимир Путин.

И покрај санкциите против Абрамович, навивачите на Челси, кои се радуваа на 21 трофеј за времето на владеењето на рускиот милијардер на „Стемфорд Бриџ“ продолжуваат со песните за 55-годишниот Абрамович.

„И јас сум фудбалски навивач, поточно фан на Кристал Палас од јужен Лондон и го разбирам нивното однесување и поврзаноста со клубот. Но, Роман Абрамович е некој кој е под санкции за врските со режимот на Путин. Со целосна почит за навивачите на Челси, знам дека тој направи многу за нивниот клуб, но тоа е поважно од фудбалот. Кога режимот со кој тој е поврзан прави злосторства, би размислил двапати за пеење на неговото име“, изјави Филп.

Scroll to Top