Top Sport

Донарума среќен за скудетото на Милан, но не се кае за заминувањето

Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума вели дека е среќен што неговиот поранешен клуб Милан ја освои титулата од Серија А, но вели дека не жали за одлуката да замине минатата сезона.

Италијанскиот голман стана „непријател број 1“ на фановите на Милан, откако минатата сезона одби да го продолжи договорот и замина од „Сан Сиро“, а Милан на негово место го донесе францускиот голман Мајк Мањан.

„Не жалам што заминав, но среќен сум што Милан го направи оваа сезона и им пратив честитки на сите мои поранешни соиграчи. Нема зошто да жалам“, вели Донарума.

И покрај тоа што ја освои титулата во Лига 1 со ПСЖ и беше именуван за најдобар голман во француската лига, Донарума и во Париз беше мета на критики, посебно за неговата улога во поразот во осминафиналето од Реал Мадрид. Со 1:0 водство во првиот меч, ПСЖ поведоа на „Бернабеу“, но Мадрид се врати со гол на Карим Бензема по грешката на Донарума.

Scroll to Top