Top Sport

Црвено знаме во Монако! Засега нема шанси за старт на Ф1 класиката

Формула 1 трката во Монако доби црвено знаме откако поради силниот дожд прво стартот беше одложен, па по тест-кругот зад безбедносното возило, организаторите решија засега да постават црвено знаме и да остане неизвесно дали ќе има услови за трка во кнежевството.

Ситуацијата наликува на таа од Белгиското ГП минатата сезона, кога по неколку обиди да се вози трката, возачите излегоа во неколку круга зад безбедносното возило, по што трката се откажа и беа доделени по половина поени според стартните позиции.

Scroll to Top