Top Sport

Донарума: Во ПСЖ, за разлика од Милан секогаш мора да се победува

Џанлуиџи Донарума тврди дека е во одлични односи со ривалот за местото на голот на Пари Сен-Жермен, признавајќи дека во Париз има многу поголем притисок за победи отколку во неговиот претходен клуб, Милан, коментар кој сигурно нема да наиде на добар прием на и така лутите навивачи на „росонерите“.

22-годишниот Донарума, кој дебитираше за Милан на 16 години во октомври 2015 година и имаше 251 натпревари, минатото лето се приклучи на ПСЖ како слободен играч одбивајќи ја понудата на „росонерите“. Меѓутоа, тој не е редовен стартер во ПСЖ, откако тренерот Маурисио Почетино често го ротира со Кејлор Навас – Донарума има 11 одиграни меча, Навас има 16 досега.

„Натпреварувачкиот дух во еден тим е нормален, а Кејлор ми е пријател. Тука во Париз има многу поголем притисок отколку во Милан, бидејќи сега сум во клуб кој сака да победува секогаш. Ова е почеток за мене и амбициите не се менуваат“, вели Донарума.

Scroll to Top