Top Sport

Донарума заминува, Милан тргнуваат по Мањан?

Милан се блиску до трансфер на францускиот голман Мајк Мањан од Лил, откако е јасно дека Џанлуиџи Донарума ќе замине, тврди „Калчомеркато“.

Договорот на Донарума завршува на крајот на сезоната, а откако навивачите се обидоа да го убедат да остане по што Милан стави мораториум на преговорите до крајот на сезоната, тој најверојатно заврши со „росонерите“.

Според „Калчомеркато“, Паоло Малдини и директорите на Милан одлучиле дека е залудно да се обидуваат да го убедат Донарума и затоа тргнале по Мањан, кој ќе ги чини 15 милиони евра и ќе потпише договор со 3 милиони евра годишна заработувачка.

Милан му нудеа на Донарума 8 милиони евра по сезона, но неговиот агент Мино Рајола барал барем 10 милиони евра и бонус од 20 милиони евра. Јувентус се подготвени да му дадат толку висока плата.

Scroll to Top