Top Sport

Донација од ФФМ преку УЕФА: Националната арена ќе добие нова тревна подлога

Теренот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева.

„Почнуваме активности во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи. АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, почнува процес на целосно менување на тревната површина, кое последен пат е изведено во 2012 година. Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред натпреварот со Англија, на кој ќе можеме да се пофалиме со нова најсовремена тревна површина во согласност со највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции“, соопштија од АДИССДП.

Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакната кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран.

Се очекува новите услови на Националната арена да ги подобрат условите за работа на македонските репрезентации и клубовите што ќе играат на овој стадион.

Работите треба да бидат звршени до квалификацискиот меч со Англија, на 20. ноември во Скопје.

Scroll to Top